СДСМ: Заев е најзаслужен што Струмица е нејдобро место за инвестирање

0
640

Најголема заслуга што Струмица е најдобро место за инвестирање во Македонија има Зоран Заев, наведува СДСМ во пишаната реакција на денешната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Струмица.

– По цели 10 години и Никола Груевски призна дека Струмица е најдобро место за инвестирање во Македонија. Бидејќи Струмица е единствена незадолжена општина во Република Македонија. Бидејќи Струмица има најдобро деловно опкружување, со најдобри практики за транспарентно работење, во интерес на сите нејзини граѓани. Затоа што Струмица e првата општина во Југоисточна Европа којашто го доби меѓународниот Сертификатот за поволно деловно опкружување во јуни 2013 година, се вели во соопштението.

СДСМ посочува и дека со сертификацијата се стандардизира локалниот економски развој на Струмица како еден од најважните фактори за бизнис секторот и привлекување на инвеститорите, зголемени се инвестициските активности на компаниите за што веќе има проектирано околу 1.300 нови реални работни места. – Најголема заслуга за ова има човекот кој создаде услови Струмица да биде најдобро место за инвестирање во Македонија, претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, стои во соопштението од СДСМ.