СДСМ: Еурека, Груевски се спушти на Земјата!

0
121

Соопштение на СДСМ:

Човекот кој 10 години беше премиер, а сега крстари семејно од Сицилија до Охрид, денеска замислете на жителите на село Горенци – Дебарца гордо им најави дека ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ ќе биле приклучени на канализациска мрежа!

Неверојатно за 21-от век, Груевски бил запознаен со барањето на жителите да имаат освен канализација, и вода за пиење  во лето, па за овој неверојатен зафат му притекнал во помош градоначалникот на Дебарца, кој соопштил дека имаат во план да донесат нова пумпа?!

Жителите од охридско немале ни редовен превоз до Охрид, па премиерот супермен веднаш го исконтактирал министрот за транспорт и врски, а тој пак веднаш ветил врска со автопревозниците, луѓето да добијат редовен превоз?!

Тоа е чудесната Македонија за која Груевски зборуваше од фотељата на премиерскиот кабинет додека “леташе“ до Белизе, Лугано, Панама, Чешка.

Во таа Македонија половина од населението, дури 43.2 процента живее во сиромаштија и тоа според контролираниот Државен завод за статистика. Во неа луѓето освен храна, немаат ни вода, струја, греење, превоз, додека Никола Груевски се вози во мерцедес од 600.000 евра со наочари од 60.000 евра, а братучедско – кумската врска успешно ги одржува фамилијарните бизниси под негова контрола.

Криминално – корупциската власт на Никола Груевски ништо повеќе ниту може ниту има право да им ветува на граѓаните кои ја испраќаат во историјата.

Доага одговорна Влада која ќе се грижи за потребите на граѓаните и државата.