СДСМ денеска ги продолжува преговорите со Алијанса за Албанците

0
332

Работните групи на СДСМ и на Алијансата на Албанците, според партиски изворина Алсат М, денеска во хотелот Александар Палас, со почеток во 15:00 часот, ќе се состанат да ги разгледаат материјали за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик.

СДСМ ќе го претставуваат заменик-претседателката на партијата, Радмила Шеќеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и Рената Дескоска. А, во име на Алијансата за Албанците ќе учествуваат Арбен Таравари и други членови на партијата.