СДСМ: Дали УЈП ќе му прати извршители на Мијалков поради долгот за радиодифузна такса?

0
454

Помеѓу 85-те илјади луѓе кои се наоѓаат на црниот список за неплатена радиодифузна такса на УЈП и на кои им се заканува присилна наплата, се наоѓа и името на поранешниот директор на Управата за безбденост и контраразознавање, Сашо Мијалков. Оттаму, го прашуваме лицето Сашо Мијалков: Дали ова значи чин на граѓанска несполушност?, прашува СДСМ.

„Дали неплаќањето на радиодифузната такса, значи дека тој ја поддржува мерката на СДСМ за укинување на радиодифузната такса?

Дали радиодифузната такса претставува сериозен трошок за семејството Мијалкови?

Истовремено, ги прашуваме одговорните во УЈП: Дали веќе е испратено решение за присилна наплата на адресата на Мијалков?

Дали и во случајот на Мијалков ќе се постапи со блокирање на сметка и испраќање на извршители, како што е пракса со останатите должници?

Мијалков да биде спокоен. По 11 декември радиодифузната такса нема повеќе да биде трошок за неговиот домашен буџет и неговото име нема да фигурира на должнички списоци за радиодифузна такса. Ако оваа давачка е товар за бизнисменот Мијалков, тогаш убедени сме дека посиромашните семејства ќе бидат уште позадоволни од оваа мерка“, се вели во реакцијата на СДСМ.