СДСМ: Груевски најавува зголемување на капитацијата, откако прочита во нашата програма

0
312

Лицемерието и бездушноста на Никола Груевски немаат граници. Груевски денеска не спомена ниту збор за катастрофата во здравството и податоците дека за 6 месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња, само на Клиниката за гинекологија во Скопје, велат социјалдемократите во денешната реакција.

„Лицемерниот Груевски, кој заедно со Тодоров е најголемиот виновник за лошата состојба во здравството и згаснувањето на многу животи, не кажа колку месеци владата на ВМРО-ДМНЕ нема исплатено средства за капитација на матичните доктори.

Груевски најавува зголемување на капитации откако виде дека СДСМ во програмата предвидува нивно реално зголемување.

Разликата е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ најавува паушално зголемување на капитацијата без пресметка а СДСМ реално ќе ја зголеми капитацијата согласно пресметка на потребните средства за нормално функционирање на ординациите.

На тој начин капитацијата ќе достигне над 60 денари.

Зголемување на капитацијата за 5 денари што го најавува Груевски е незначително и нема да ја промени лошата состојба во којашто се наоѓаат матичните лекари.

Покрај доцнењето на исплатата на средствата за капитација со месеци, проблем се драконските казни на Фондот за здравство и лошите услови за работa на матичните лекари.

Според последните податоци, во Македонија просечната возраст на матичен доктор изнесува високи 58,8 години. Тоа покажува дека условите за отворање на ординации се многу лоши и младите доктори не можат да отворат нова ординација.

Дополнително, според официјалните податоци, просечната возраст на матичните доктори во внатрешноста е повисока и изнесува 61 година. Тоа е сериозна опасност Македонија да остане без матични доктори.

Поради ова, многу млади доктори или ја напуштаат Македонија или се принудени да работат во ординации за плата од едвај 8 илјади денари.

Затоа на Македонија и се неопходни демократски промени.

По демократските промени, новата, одговорна Влада предводена од СДСМ реално ќе ја зголеми капитацијата и ќе обезбеди минаминална плата за матичните лекари повисока од просечната плата во земјава.

По демократските промени нема да има деградирање на професијата матичен доктор.

По демократските промени матичните доктори нема да работата во лоши услови за едвај 8 илјади денари туку нивниот труд релно ќе биде вреднуван со плата поголема од просечната плата во земјава“.