СДСМ го комплетира тимот со кандидати за градоначалници: Димтириевски во Куманово, Јовановски во Прилеп, Мицевски во Паланка

0
1119

СДСМ го комплетира тимот со кој ќе настапи на претстојните локални избори. Откако ги промовираше кандидатите за градоначалници на Скопје и скопските општини, социјалдемократите ги избираат адутите со кои ќе ги освојуваат и другитре поголеми општини во земјава.

По три мандати на Зоран Дамјановски, СДСМ одлучи овојпат во Куманово да настапи со пратеникот Максим Димитриевски, кој беше долгоогодишен советник во општината. Тој ќе му се спротивстави на Зоран Ѓорѓиевски, преку кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде за прв пат да ја освои оваа општина.

Владејачката партија во Прилеп, пак, го кандидира директорот на градската болница Илија Јовановски, кој ја доби довербата да го детронизира Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ по три последоветални градоначалнички мандати.

Понатаму, кандидат за градоначалник на Крива Паланка ќе биде Борјанчо Мицевски, на Берово Ѕвонко Пеќевески, на Виница Ивица Димитров, на Делчево Горан Трајковски, на Гевгелија Сашо Поцков, на Кавадарци Бетиан Китев, на Неготино Тони Делков…