СДСМ: Во новата влада не смеат да учествуваат лица обвинети за тешки кривични дела

0
126

Македонија мора да добие влада на граѓаните на Република Македонија која ќе почне со решавање на нивните реални проблеми, смета извршниот одбор на СДСМ, кој на вечерашниот состанок оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември.

„Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните. Сето ова е содржано во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе и мора да биде основа на реформските приоритети на новата Влада на граѓаните на Македонија“, стои во соопштението на партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека сите партии што имаат освоено пратеници во парламентот не смеат да дозволат формирање влада во која би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела и кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија.