СДСМ-Битола достави СКАНДАЛОЗНА ФОТОГРАФИЈА: Второосомничениот во „Транспортер“ носи нешто што многу наликува на докуметација во станот на Талески

0
1794

Соопштение на СДСМ-Битола:

Со оглед на начинот на кој се спроведува мерката домашен притвор а со однос на сериозноста на обвинувањата, нашето очекување е скопскиот кривичен судне само да ја продолжи мерката домашен притвор за Владмир Талески, туку истата да ја замени со притвор во казнено-поправен дом.

Освен Талески во општина Битола има уште двајца вработени кои се исто така осомничени во случајот „Транспортер“.

Тоа е второосомничениот, сектретарот на општина Битола, Слободан Бончановски, кој веќе одлежа еден месец во домашен притвори Анита Ангелевска, екс директор на долната гимназија, претседател на Унија на жени на ОК на ДПМНЕ.

Фотографијата којашто е доставена до СДСМ покажува како второосомничениот носи нешто што многу наликува на докуметација во станот на Талески!

43434343

Јавноста очекува одговори за што станува збор?

До каква документација може да има увид Талески?

Што смее да потпишува и кој тоа го контролира?

Надзорот на мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ преку СВР Битола.

Начинот на кој на којшто се вршел надзорот остава сериозен сомнеж за физичкото спроведување на мерката домашен притвор.

Дополнително, сознанијата дека превозниците што се осомничени во случајот „Транспортер“ повторно вршат превоз а нивните договорите, пак, постојано им се дополнувани со анекси оставаат уште поголем простор за сомнеж.

Со оваа слобода на делување од домашен притвор на Талески секако останува и можноста да се влијае врз сведоците!