СДСМ: Ако не се испочитува Договорот до полноќ, отворени ни се повеќе опции

0
337

Извори од СДСМ велат отворени се повеќе опции доколку пропадне Договорот, но сепак оставаат простор дека со посредништвото на меѓународната заедница се очекува и доближување на ставовите, пренесува НоваТВ.

Оттаму потенцираат дека договорот за сега е прекршен, но не и пропаднат, барем до истекот на рокот до полноќ.

Засега, инсистирањата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да се зборува за Законот за мораториум на бомбите и инсистирањето за вето над новиот министер во МВР се главните пречки кои ги кочат преговорите, велат извори од СДСМ.

Доколку се стави вето врз овластувањатата на идниот министер на предлог од СДСМ, практично ќе се оневозможи министерот во својата работа за најавената истрага од специјалната обвинителка за материјалите кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Новост во преговарачкиот процес било однесувањето на ДУИ, кои од најгласни противници на објавување на бомбите, го промениле однесувањето и молчеле во оваа дебата.

На синоќешните преговори во делегацијата на ЕУ во Пржино, околу осум часа се говорело за Законот за бомбите, по што еврокомесарот Јоханес Хан предложил закон според европски стандарди.

Истиот бил отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, по што средбата доживеа фијаско а Хан ги прогласи преговорите за неуспешни.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ