СДММ го издаде вториот број на герилскиот весник „Вистината за Македонија“

0
281

Социјалдемократската младина на Македонија издаде нов број од герилскиот весник: “Вистината за Македонија до секој граѓанин…”

11083682_10153244129103413_1010371935376347222_n1-540x405

Првите примероци од новиот број беа поделени на граѓаните од Прилеп и Кичево.

СДММ пишува за партизираноста на македонското судство, особено за последниот случај каде Сашо Мијалков одлучува кој да биде судија. Може да се забележат статии и за рекетот во Струмица, парцелите на Груевски на Водно… СДММ потсетува и на “старите бомби”, случајот Љубе Бошкоски, начинот на кој се уредуваат вестите, случајот “Космос”…

Во соопштението на официјалната Facebook страна на СДММ, младите се заблагодаруваат на одличниот прием од граѓаните. Целта им е Вистината за Македонија пред се да ја дознаат повозрасните граѓани, кои немаат пристап до интернет. Како што велат, охрабрени од успешноста на првиот број продолжуваат да бидат на “секое пазарче, автобуска, парк, плоштад и да ја презентираат визијата за една поинаква Македонија”.

SDMM-Vesnik-strana-2 SDMM-Vesnik-strana-3 SDMM-Vesnik-strana-4 Naslovna-strana-SDMM-Vesnik 18911_10153244128873413_1823589164254777793_n1-540x405 10320561_10153244128858413_8704707874444196695_n1-540x405 10570427_10153244129058413_5863081097993803743_n1-540x405 11055264_10153244129173413_3369615988505645381_n1-540x405 11668_10153244243178413_7479174466924663272_n1-540x304 11067652_10153244243173413_3713544188773955515_n1-540x304 10425089_10153244128658413_4540590724948305246_n1-540x405