СВАРОВСКИ СУДСТВОТО НА МИЈАЛКОВ ПОЧНАА САМИ ДА СИ ГИ ВАДАТ ОЧИТЕ : Тепачка во Основниот суд Скопје 1, интервенираше полицијата!

0
1412

Во Основниот суд Скопје 1-Скопје, доцна попладнево се случил тежок инцидент кој бил разрешен откако дошла полицијата, објави Макфакс.

На инцидентот му претходела нервозна и крајно тензична дискусија која била во насока на жестоки напади од вработените кон претседателот на судот Владимир Панчевски.

Во една таква атмосфера, вработена во судот на висок тон побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон вработената за која се зборува дека е во блиски односи со Панчевски, кој повикал полициска асистенција.

За инцидентот било известено и Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, но оттаму им било одговорено дека не можат ништо да преземат, односно дека се ќе се заврши со прекршочна пријава.

Владимир Панчевски се уште не се произнесува за настанот, а извори од кривичниот суд велат дека веќе в четврток Панчевски ќе го посети и Трудовата инспекција.

Судиите од Основниот суд Скопје 1-Скопје бараат заштита од претседателот Владимир Панчевски, но и негово санкционитрање

Петицијата која повеќе од една седмица се потпишуваше од судии од Основниот суд Скопје 1-Скопје, а на која свој потпис ставија 15 судии-кривичари заврши во вторникот во Судскиот совет.

Потпишаните судии отворено му се спротиставуваат на претседателот на скопска „единица“, Владимир Панчевски, на неговиот начин на работење, поточно на пресметката којашто тој ја води колегите. Судиите сметаат дека Панчевски не смее да ја злоупотребива позицијата за лични цели и затоа е донесена одлука случајот на Панчевски да го преиспита Судскиот совет и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

Во дописот испратен до Судскиот совет, судиите го наведуваат името на судијата Иван Џолев, кој, пак, пред десетина дена поднесе кривична пријава против Панчевски поради негово влијание при донесување на одлука, а се споменуваат и крајно нарушените односи кои владеат во судот.

Судиите-кривичари не само што бараат заштита од Панечвски, туку бараат против него да биде поведена постапка.

Како што неофицијално се дознава во судот е настанат и нов проблем којшто директно ги засега и стручните соработници, бидејќи на некои од нив им била одредена норма од 400 предмети месечно. Според истите сознанија Панчевски одлучил да ги повикува поединечно на разговор стручните соработници.