Сашо Ордановски знае зошто Груевски го придружувале дури 13 блиски соработници на преговорите во Стразбур

0
596

Делегацијата на премиерот Никола Груевски за преговорите во Стразбур ја сочинувале 13 лица, меѓу кои највисоки бивши (Мијалков, комада 1) и актуелни (министри, комада 4-5) функционери во власта. Зошто цел минибус луѓе носел Грујо во Стразбур? Има тука неколку објаснувања…

sashoOrdanovski
Власта на Груевски се наоѓа во последната фаза („ни жива, ни мртва“) од својата окупација врз македонската демократија и врз македонскиот народен имот. Меѓу главните актери во таа власт владее толкав страв за сопствената судбина, што тој единствено може да се мери со високиот степен на меѓусебната недоверба. Како резултат на тоа, никој не е подготвен да му посака на Груевски среќен пат кога – во придружба на Мијалков, тој Саурон на режимското зло! – заминува на преговори во Стразбур после кои последиците ќе бидат и општи и персонални. Сите, со право, се сомневаат дека на братучедите главната преговарачка задача ќе им биде спасување на сопствената кожа и што повеќе од огромното фамилијарно богатство, а дека тоа ќе се прави во услови на затворени за јавноста поединечни и групни преговарања, со разноразни дополнителни средби по хотелските коридори и апартмани. Исто така, сите знаат дека, на крајот, некој ќе мора „да го крка“, ама се надеваат дека тој некој ќе биде некој друг. Затоа, за патувањето во Стразбур, како на средношколска екскурзија, од власта се пријавил кој стигнал, за да се стекнат со каква-таква гаранција дека баш него нема да го „истргуваат“ како главна жртва во пазарењето. Јанкулоска не отишла, оти неа ја застапува Ставрески. Миле Јанакиески ќе го понеле, ама се плашат да не им ја дувне уште на аеродром во Стразбур, во непознат правец. Пешевски не можел, вежба солфеж. А баба Нада останала во Скопје за да може да ја составува новата влада, во случај овие на одење или на враќање да ги уапсат на некој граничен премин како обични шверцери оти не се сигурни дали потерниците не се веќе распишани.

Целата колумна на следниов линк на порталот Плусинфо.