Саша Богдановиќ: Јавноста треба да знае дека Коце им дал дозвола на ВМРО ДПМНЕ за тенда а тие изградиле цела тераса со стубови и бетон и затоа сега режимот е во паника и плука по општина Центар 24/7 со сите гнасни клевети и лаги!

0
155

Деновиве, пропагандната машинерија на власта продолжува да ја напаѓа Општина Центар и пред се инспекциските служби се со цел да го одвлече вниманието од големиот криминал околу мегаломанскиот ШТАБ на ДПМНЕ каде одредени делови се дивоградба.

bogdanovic

Колку да бидат запознаени граѓаните, балконот на кој најверојатно треба да се обраќа „Фирерот“ е ВОН ПРОЕКТОТ. За истиот „ БАЛКОН“ е добиена дозвола од Град Скопје за „ТЕНДА ВО СКЛОП НА ОБЈЕКТ“ т.е.урбана опрема но, на лице место всушност станува збор за тврда градба која е надвор од градежна парцела и узурпира земјиште сопственост на РМ, и со самото тоа се смета за дивоградба и за истата треба да се донесе соодветно решение.

Бидејќи на власта и смета Општина Центар и спроведувањето на законите, а немаат одговор за нивната дивоградба, започнуваат со гнасна кампања против одредени вработени од општината. Ако имаше нешто спорно кај некој од вработените верувајте дека власта немаше да не поштеди како што не не поштедувала ни досега. Фатени се сто-нула, и од тоа нема бегање. Како Претседател на ОО СДСМ Центар давам максимална поддршка за спроведување на сите закони, прваила и прописи и воедно како партија бараме и инстираме законите да се спроведат до крај.

Барањето за спроведување и почитување на законите не е желба на некој подинец во овој случај власта го обвинува Кочо Стојчевски и против него води хајка и гнасна пропаганда, него напротив кој и да биде на тоа место ќе треба да го спроведе законот до крај. Како општинско раководство му порачуваме на режимот и на нивната машинерија да не помислуваат да продолжат со гнасните методи бидејќи и ние сме спремни за одговор. Како што се изборивме по три круга за победата и за ослободување на Центар така ќе се избориме и сега.

Ако сте чисти како што викате дека сте тогаш заедно со службите од Град Скопје и Државната градежна инспекција дојдете на терен и констатирајте дали е така или не е. Ако објектот е легален нека си остане ако не е нека се донесат потребните решенија. Но, ако сакате за вас да не важат законите а за нас да, тогаш гадно сте се зафркнале. Нема да подлегнеме. Општина Центар, Советот и останатите вработени кои напорно работат ја имаат нашата максимална поддршка.

Спремен сум и спремни сме на се!!! Секој напад на наш човек е напад врз сите нас!!!

ЗАЕДНО ДО СЛОБОДАТА, ЗАЕДНО ДО ПРВДАТА!!!

Саша Богдановиќ, фб статус