Само за 10 минути новиот сопственик заврши во дрво (фото)

0
363

Еден новопечен сопственик на спортскиот McLaren 650S од Британија не уживаше долго во својот нов автомобил вреден 270.000 евра.

Само десетина минути откако го добил автомобилот на домашната адреса, моќниот McLaren заврши во дрво покрај патот.

Деталите за несреќата се уште не се целосно познати, но претпоставките се дека причината е комбинацијата од мокра улица и неискуството во управување со суперспортскиот автомобил кој располага со 650 коњски сили.

mkmes

Во несреќата нема повредени, а полицијата истражува кој е виновникот за инцидентот.