(САМО)УБИЕНИОТ Коста Крпач обезбедил информации не само за крадењето на пари преку набавката на опрема за УБК, туку и за други истраги на СЈО!

0
1634

Опремата што е набавена преку фирмата Финзи не е уништена, изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска одговарајќи на прашања по повод денешната прес конференција по повод отварањето на случајот „Трезор“ со сомненија за злоупотреби од пари од буџетот.

Управител на фирмата Финзи бил покојниот Коста Крпач.

Обвинителката Ристовска рече СЈО има обезбедено сознанија од покојниот Крпач, не само за оваа, туку и за други истраги.

СЈО не ги соопшти имињата на осомничените.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека покренало истражна постапка против три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од МВР со сомнение дека прибавиле имотна корист од правно лице регистрирано како ДТУ Финзи во вредност од над 862.000 евра, беше кажано на денешната прес конференција.

Станува збор за набавка на прислушна опрема од Велика Британија.