РУСКАТА АРМИЈА ЗА САМО НЕКОЛКУ ДЕНА МОЖЕ ДА ЈА УНИШТИ ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА – ОТКРИЕН И НАЧИНОТ

0
379

Руските пилоти на борбените авиони и хеликоптери почнуваат да пристигнуваат во Сирија во следниве неколку дена, објави порталот „Ynet“.

Според зборовите на западните дипломати, руската експедиција веќе стигнала во Сирија и се сместила во воздушна база која е под контрола на претседателот Башар ел-Асад.

Rusija Russian_Air_Force_MiG-31_inflight_Pichugin

Базата, како што се наведува, се наоѓа во околината на Дамаск и ќе им служи на Русите како оперативна база. Во следните недели илјадници припадници на руските воени сили ќе стигнат во Сирија, вклучувајќи и советници, инструктори, техничари и пилоти.

Во моментов нема конкретни податоци за составот на контингентот, но Русија и порано преговараше за продажба на повеќенаменски MiG-ови 29 и напредните авиони за тренинг Yak-130, кои можат да и служат и за борба.

„Ynet“ пишува дека нема сомневање оти руските пилоти ќе влијаат на постоечката динамика на блискоисточните судири. Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и другите држави, а главна цел на разместувањето на леталата е задржување на Асад на власт и борба против Исламската држава.

Дипломатските извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донеле стратешка одлука со која ќе сторат се за да го спречат ширењето и инфилтрацијата на Исламаската држава и други исламисти на подрачјето на поранешните советски република со музлиманско мнозинство.

Американската администрација е целосно свесна за руските намери за директна интервенција во Сирија, иако сеуште официјално не реагирала.

Обама од неодамна е воздржан во повиците за рушење на режимот на Асад, иако САД изведува воздушни напшади за да ги заштити бунтовниците против кои ќе се борат руските сили.