Русија почна директна воена интервенција против Исламска Држава во Сирија

0
378

Русија почна воена интервенција во Сирија со распоредување воздушен контингент во постојаната сириска база. Според дипломатски извори, еден камп веќе бил поставен во воздухопловна база во околината на Дамаск, кој го контролираат воените сили лојални на претседателот Башар Ал Асад.

Sukhoi_Su-27_Russian_Knights

Се очекува Русија во претстојните недели да распореди неколку илјади воен персонал, вклучувајќи советници, инструктори, логистика и техничари.

Во овој момент нема конкретни податоците за составот на контингентот, но Русија претходно преговараше за продажба на повеќенаменски ловци МиГ-29 и подзвучни напредни тренажни авиони Јак-130. Инетњуз пишува дека нема сомнеж дека руските пилоти ќе влијаат врз актуелната динамика на блискоисточните конфликти.

Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и други држави, а главната цел на војниците е задржување на Асад на власт и борба против ИСИС.

Дипломатски извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донеле стратегиска одлука да направат сѐ за да го спречат ширењето и инфилтрацијата на Исламска држава на териториите на поранешните советски републики со муслиманско мнозинство.

Американската администрација е сосема свесна за руската намера директно да интервенира во Сирија, иако уште не дала официјална реакција.

Обама од неодамна е воздржан околу повиците за рушење на режимот на Асад, иако САД изведуваат воздушни удари за да ги заштитат бунтовниците против кои ќе се борат руските сили.

Иран и Русија, со знаење на САД, планираа да ја зајакнат сириската војска со увежбување и но и со техника. Русија од почетокот на граѓанската војна на Асад постојано му испраќа бродови со оружје, муниција и резервни делови.

Русите не се единствените што ја координираат блискоисточната политика со Иран. Американските државници исто така учествуваат во интензивни разговори со Техеран за да ја засилат борбата против ИСИС. По сѐ изгледа американската влада Иран во моментов го прифаќа како неопходна сила во кампањата против исламистичките терористи во Ирак.