РОЛЕРКОСТЕРОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ !!!

0
329

Имајќи ги во предвид политичките превирања кои во изминатиот период го тресеа на кредит купуваниот социјален мир на граѓаните, државата преку октроираните властодршци, и преку сите можни институционално поставени механизми, кои на еден недвосмислен и потврден начин корумпираа значителен дел од гласачкиот електорат, немилосрдно искористувајќи ја немоќта и економската истоштеност на граѓаните, искористувајќи го нивниот страв од губење на и онака ниско платените работни места, од пропаѓање на и онака ниско доходовните самостојни бизниси, за сметка на безобзирното полнење на партиската каса на политичката партија на власт, приватните сметки на анонимни и преку ноќ никнати бизнисмени, поврзани оф-шор компании во земјава и странство, во периодот кој престои, политичката гангова гарнитура која е на власт, на секој можен начин ќе проба да не качи на единствениот и најмоќен и за неа достапен механизам, преку кој ќе проба да го задржи веќе придобиениот електорат, на секој можен начин ќе проба да ги придобие неопределените и политички незаинтересираните гласачи а на невиден начин ќе изврши пресија врз електоратот на опозициската политичка структура.

Факт е дека во текот на изминатите години владејачката гарнитура на сите можни начини и во сите можни форми, изврши класично цедење на националните ресурсите во корист на сопствената партија, па така ВМРО ДПМНЕ веќе години наназад важи за една од најбогатите политички партии која во континуитет го задржала статусот на енормно богата политичка партија во Македонија. Имајќи го во предвид таквиот факт, неспорно може да се донесе заклучок дека зад очигледната „легална„ ликвидност на оваа партија, се крие застрашувачка „нелегална„ актива, која по кој знае кој пат ќе се искористи за поткупување на гласачкото тело по строго утврдена систематска шема.

Доколку во периодот кој следи, исполнувањето на обврските превземени со договорот од Пржино во делот на назначување на Специјален Јавен обвинител, не доведат пред се до избор а потоа и до до превземање на конкретни чекори од негова страна преку процесуирање на постапките околу сомневањата што се отворија после објавувањето на аудиоснимките од прислушуваните телефонски разговори и да го разјасни случајот „Пуч“, сакале или не граѓаните на РМ ќе бидат сведоци на невиден преседан во поновата историја на Р.Македонија кој се однесува на злоупотреба на изборниот процес кој ќе следи. Поради тоа недвосмислено произлегува потребата од избор на соодветен профил на Специјален Јавен обвинител кој од своја страна би имал законска можност во голема мера да ја замрзне „нелегалната„ актива на партијата на власт а со тоа да го спречи или во најмала рака да го намали одливот на пари за поткуп на гласачите до одржување на парламентарните избори во Април 2016 година.

Преку веќе договорената распределба на ресорите на министерствата и нивната организациона поставеност и функционалност, во голема мера ќе се оневозможи влијанието на владејачката партија врз веќе удомените партиски војници особено во делот на јавната администрација, влијанието врз бизнис секторот кој индиректно влијае на граѓанскиот сектор со кој тој располага како работна сила. Дефинитивно во периодот кој следи, сите ние обичните, битните или помалку битните фигури, кои служиме како „средство„ преку кое политичките елити ги остваруваат личните амбиции, уште еднаш ќе бидеме качени на стравотниот ролеркостер наречен „предизборен маратон„,а на патот кон целта ќе ја гледаме најсуровата борба за власт помеѓу актуелната, која не доведе до работ на пропаст и нејзиниот претендент кој овој пат конечно нуди сосема нов и отворен концепт кон градењето на подобро опшество во сите неговио свери.

Врзете го појасот, силно зграбете ја посакуваната опција и држете се за неа, затоа што ова ќе биде пеколно возење кон промените кои сите искрено ги посакувате.

Пишува: Жарко Стеваноски