РОКААТ БОМБИ ЦЕЛ ДЕН ВО СУД: Јанкулоска му ја објаснува акцијата “Пустец” на Мијалков: Ние го тераме ова цела година, знае премиерот,од него е!

0
813

Акцијата “Пустец”, почнала во  2012 година односно една година пред изборите во 2013 година. Тогашното потесно раководство ја организирало оваа тајна акција, со која жители на Пустец, но и на останати делови од Албанија добивале македонски лични карти. Во моментот во Кривичниот суд се објавуваат прислушувани разговори на оваа тема, на судењето за случајот Титаник.

Во разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, тогашната министерка го образложува планот.

-Љубе правеше такви глупости. Он им даваше државјанства но ги запишуваше на адреса на МВР, Димче Мирчев бб. Тоа го знаат сите. Но ние да не ја шириме, да не правиме каубојски. Оние што ни се блиски да склучат договори со 10 луѓе, му вели Јанкулоска на Божиновски.

Потоа министерката зборува со директорот на УБК, Сашо Мијалков, од кој разговор се дознава дека Мијалков не знаел за акцијата, туку дознал од други извори, односно му реагирал Муса Џафери од ДУИ.

-Ние тоа си го тераме цела година, знае премиерот, од него е, му објаснува Јанкулоска, по што му вели на Мијалков дека ако веќе е многу прочуено, да закочат, коментирајќи дека и така  е смеат да продолжат бидејќи се ближат изборите.

-Ти кажи дека не си знаел, а ние ќе закочиме. Па ние тоа го правиме во Кичево, Ресен, Охрид, низ насмевка му објаснува Јанкулоска.