Рикна продажбата на ајфонот, толку од најдобриот телефон на светот, Apple го намалува производството на iPhone

0
2920

Новата линија на производи на Apple привлече големо внимание кога се појави на пазарот, но само неколку месеци подоцна, брокерската куќа City Research предвидува дека компанијата ќе го намали производството на моделите на iPhone поради опаѓањето на побарувачката.

Падот на побарувачката, според брокерската куќа, се должи на разочарувачкиот интерес за моделот iPhone XS Max.

City Reasearch е само една од брокерските куќи кои прогнозираа пад на производството на Apple. Причина за намалувањето на прогнозата е серијата од извештаи кои говорат за слабата побарувачка за новите модели на iPhone на светските пазари.

Претходната прогноза на City Research беше поставена на 50 милиони произведени телефони, но сега таа падна нешто подолу, на 45 милиони.

Моделот XS Max требаше да биде главниот адут во новата линија производи на Apple, но сепак неговата досегашна продажба донесе само разочарувачки бројки за компанијата. Поради тоа, овој смартфон со почетна цена од 1.099 долари полека ќе биде истиснат од пазарот, а брокерските куќи веруваат дека неговото производство ќе биде намалено за 48%.

Извор : Лидер.Мк