Ризвановиќ : Одлуката на Заев да го вработи Хоџа е многу умен потег, а обвинувањата дека бил командант на УЧК се смешни!

0
823

Назначувањето на Џезаир Шаќири – Хоџа за советник во владата е одличен потег на Заев. Ова е продолжение на прагматичните и одлучните чекори кон разрешување на стари проблеми и болки на микро ниво, чекор сличен со договорот со Бугарија.

Еве и образложение.

Кога во 2010 година требаше како екипа на А1 телевизија да одиме да снимаме сторија во Танушевци моравме да добиеме дозвола за снимање од “командант Хоџа”, и потоа да снимаме.

Истата таа процедура се повтори и со други мои колеги во годините што следеа, а полицијата иако формално одеше во Танушевци, немаше реална контрола на теренот, и тоа го знаеја сите надлежни, но молчеа за мир во куќа.

Сега со еден потег премиерот го реши овој проблем, а Хоџа го стави во институциите на системот, што всушност треба да биде цел на интеграцијата.

Колку што ми е познато, против Хоџа нема никакво обвинение, тука нека ме поправи некој ако грешам, а дека бил “командант на УЧК” е најсмешна теза, која поради глупоста на оние кои ја изнесуваат нема ниту да ја коментирам.

Фејсбук статус на новинарот на 24 телевизија, Сеад Ризвановиќ