„Република“, „Прес 24“ и „Денешен“ целосно ја извртија изјавата на Царовска

0
349

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, остро реагираше на манипулациите со нејзина изјава што се појави во дел од интернет медиумите веднаш по нејзиното гостување во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.

Таа реагираше на насловите во кои се наведува дека Царовска тврди дека четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари.

Царовска, на својот Фејсбук профил тврди дека насловите во „Република“, „Прес 24“ и „Денешен“ се целосно извртување на вистината. Таа во емисијата сподели индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, но притоа не го изразува својот став.

Во својата објава на социјалните мрежи, Царовска ја споделува целата изјава во која таа цитира два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Ова е изјавата со која споменатите медиуми ја манипулираат јавноста:

Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вам ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години и двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка.

Ако одиме на синдикалната кошничка, таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано.

Но ако велиме квалитет на живот кој што значи сѐ што ни недостига и сѐ што на одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди и многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки.

Сепак, оние бројки што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики.