Ременски : Пендаровски да биде коректив на власта, режимот веќе е целосно поразен

0
1198

По цели десет години добивме вистински претседател на сите граѓани избран на слободни, фер и демократски избори, рече пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, по денешната инаугурација на Стево Пендаровски.

-Убедени сме дека претседателот Пендаровски ќе води напред, ќе биде водилка на напредокот, развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО и гарант на процесите кои обезбедуваат сигурна и стабилна иднина – изјави Ременски.

Таа додаде дека Пендаровски треба да биде коректив на власта, да укажува на евентуални грешки и со своето делување да биде пример за домашната и за меѓународната јавност.

-Со неговиот избор се заокружуваат демократските промени во нашата земја-режимот е целосно поразен. Се става крај на едно цело лошо извршување на мандатот, претседател на државата, заврши едно негативно поглавје од нашата историја обележано со молк за важните прашања, промовирање поделби помеѓу граѓаните, тензии, дискриминација и поддршка единствено на криминалните политики на режимот – истакна пратеничката.

Воедно, Ременски порача дека меѓу првите чекори кои ги очекуваат од Пендаровски е тој да ги потпише блокираните закони кои, како што рече таа, се исклучително важни за граѓаните.