РЕКОРД ВО НИШАЊЕ ВРАТА И ЗЕМАЊЕ ПЛАТА : Примен на работа во „Македонски шуми“, а три години го чека првиот работен ден

0
360

Кичевчанецот Реџеп Лимани во октомври 2013 година бил примен во „Македонски шуми”, но иако оттогаш поминале речиси три години тој се уште не почнал да работи. Договорот што го потпишал не му помогнал за и вистински да започне со работа.

„Година и пол, две се жалам за овој случај, но не не еимаат во предвид, ме фрлаат како фудбалска топка натаму-наваму. Ние сме примени сме на работа, а работа немаме“, вели Лимани.

59-годишникот бил примен во Македонски шуми во период кога „Македонски шуми” даде решенија на 1600 луѓе. Објаснува дека освен него има и други луѓе кои седат дома, иако имаат договори за работа.

“Има уште пет-шест други во Кичево како мене, кои се невработени“, додава Лимани.

Реџепи неколку пати се пожалил до канцеларијата на Народниот правобранител, но од оваа институција не добиле никаков одговор за неговиот случај.

Народен правобранител:

„Народниот правобранител ги има преземено сите законски дејства. Исто така Народниот Правобранител упатува јавна критика до Владата на Република Македонија и препорачува во иднина при ваквите проекти за вработување на голем број лица, на граѓаните да не им се даваат само лажни ветувања”.

Извор: Алсат