Режимските обвинители на Зврле продолжуваат да си играат со човечки животи : Поднесено обвинение против новинарот Зоран Божиновски

0
290

Кумановскиот новинар Зоран Божиновски денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по завршената истражна постапка против него, но и по сеопфатното разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена, извести ОЈО.

„За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година“ се вели во известувањето.​