РЕЖИМОТ бара 15 илјади евра од демонстрантите за кршењето на прдаканата на Иванов

0
147

Штетата од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија изнесува 880 илјади денари или приближно 15 илјади евра. Ова денеска беше соопштено на судењето против двајцата демонстранти кои се обвинети за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Судењето за Никола Аризановски и Филип Наковски денеска беше одложено бидејќи судијката Весна Петровска-Тагасовска, која го води предметот, соопшти дека во обвинителниот предлог е наведена целата штета која се однесува на сите демонстранти, а во меѓувреме ѝ стигнал и нов предмет за други демонстранти за кои таа не прифаќа спојување на постапката.

„Не прифаќам спојување на постапката бидејќи не сакам да им го одземам правото на одбрана на овие двајца обвинети кои изразија подготвеност за признавање на вина. Сметам дека сумата е превисока да ја платат само овие двајца обвинети и затоа го вратив обвинителниот предлог на Обвинителството да биде прецизирана штетата само за овие двајца обвинети“, рече судијката во судницата.

Таа го презакажа судењето за утре во 9:30 часот.

И според одбраната, неправично е штетата од 880 илјади денари да ја сносат само двајцата демонстранти кои со признавањето на вина автоматски ќе бидат задолжени да ја платат.

„Самата штета не беше поткрепена ниту со вешт наод и мислење, туку беше паушално утврдена и, во таа смисла, бидејќи моите клиенти се обременети со досие сметаме дека најдобра варијанта е признавање на вината, но за да го избегнеме прифаќањето на сите тршоци и целата штета, побаравме обвинителниот предлог да биде прецизиран или на солидарна одговорност или да се бара отштетното побарување преку граѓанска постапка“, рече адвокатот Владимир Данаилов.

Адвокатот очекува дека во согласност со законот неговите клиенти ќе добијат условни осуди од три години.

Од куќен притвор, обвинетите беа спроведени во Судот со полициска придружба. Минатата  недела притворот им беше продолжен за нови 30 дена.

Во полицискиот извештај, објавен по приведувањето на Никола и Филип, е наведено:

„Во врска со настанот запознаен е јавен обвинител и по прегледувањето на видеозаписи, од страна на јавниот обвинител и полициски службеници од Единицата за насилен криминал, е констатирано дека Н. А. и Ф. Н. активно учествувале во група што врши оштетување на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, изнесување на инвентар од истата и опожарување на инвентарот на коловозот“.

Извор:Академик