РЕД СЕ РЕДАТ МАЛЕ, режимот на Грујо e нокаутиран : Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков поднесоа оставки! ТО ТЕКОТ НА ВЕЧЕРТА СЕ ОЧЕКУВА ОСТАВКА НА ГРУЈО И ЦЕЛАТА ВЛАДА!

0
373

Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, пренесува МИА.

mijalkov i jankulovska

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков (актуелен директор во Бирото за јавна безбедност), а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски(директор на Јавното претпријатие за државни патишта)

Новинарот Мухамед Зекири на својот фејсбук профил пред неколку минути објави пак, дека Министерката Јанкуловска поднела оставка

Ваквата одлука на Груевски доаѓа по еднонеделните протести организирани по информациите што ги објави опозицијата, а кој според нив докажуваат дека министерката била инволвирана во обидот да се прикрие убиството на Мартин Нешковски.

Освен во овој случај, Јанкуловска е една од главните личности и во останатите т.н. „бомби“ што минатите три месеци ги објавува СДСМ.

Оставката на Јанкулоска е само три дена по акцијата во Куманово во која загинаа осум полицајци.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за утре во 13 часот.