Реакција на Општина Прилеп на денешниот прес на Ирена Стерјоска Локвенец, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

0
447

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски најенергично ги отфрлаат
изнесените лаги од страна на советничката на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Ирена
Стерјоска Локвенец.

Имено, објектот за кој советничката на ВМРО-ДПМНЕ зборува си има свој
сопственик, со кој ниту Општината, ниту градоначалникот Јованоски имаат
било каква врска.

Сведоци сме дека во последно време од кујната на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат
лажни вести, шпекулации и клевети насочени кон локалната власт, а кои имаат
за цел дискредитација на градоначалникот Јованоски и претседателот на
Совет, Миле Талевски.

Доколку Стерјоска и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со
трендот на клеветење, до надлежните служби ќе бидат поднесени соодветни
пријави за нарушување на угледот и честа на првите луѓе на општина Прилеп.