Рашити : „Монструм“ и „Гошинце“ се монтирани случаи

0
373

Наим Рашити од „Група за Балканот“ смета дека инцидентот во караулата Гошинце, исто како и „Монструм“ е монтиран за политички цели. Тврдењето, како што вели, го темели на изјави на  клучните дипломати кои се вклучени во процесот на разрешување на двата случаја.

Goshince

– И случајот ,Монструм’ беше монтиран со пет убиства за политички цели. Постојат сомнежи и од дипломати дека случајот со Гошинце бил оркестриран и конструиран за да се најде нешто. Многу е лесно да најдеш млади, кои се занимаваат со шверц, и да ги платиш. Знаеме како беше отворена границата кај Дебалде за шверц до 2008 година и тгоа продолжи и понатаму – рече Рашити во вчерашната дебата во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата „Алсат“.