РАСЦВЕТА ТИКВАТА И ВО ДУИ : Се заострува конфликтот меѓу Али Ахмети и Хазби Лика

0
260

Ја губи ли лидерот на ДУИ, Али Ахмети, контролата во својата партија откако станува се’ поголем бројот на оние што јавно критикуваат дел од неговите одлуки, но и партиските политики во последните 14 години, од кои 12 е на власт.

z113

Обраќањето на пратеникот Хазби Лика, на одбележувањето на годишнината од „војната на ОНА“, го потврди впечатокот дека во ДУИ има сериозни несогласувања околу тоа што е направено досега и каков е односот кон поголемиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ, пишува Утрински.

„Не сме задоволни со она што го имаме сега. Бидејќи тоа не е она за што се боревме. Не смееме да дозволиме времето да ги избрише идеалите за кои се боревме“, рече Лика во обраќањето на свечената академија.

Ваквата порака некои во ДУИ ја сфатија како продолжување на внатрепартиската дискусија за промена на државниот грб и на Уставот – проекти за кои Ахмети му даде согласност на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но не успеа да испорача поширока поддршка заради несогласувања на дел од високото партиско раководство.

Овие две прашања на површина ги исфрлија проблемите во ДУИ, незадоволството од начинот на кој Ахмети ги дефинира партиските политики и се договара со Груевски без претходно да ги консултира партиските органи. Лика е дел од четворицата пратеници кои не ја послушаа партиската одлука да гласаат за уставните измени, со што го спречија нивното усвојување.

Неофицијалните коментари за внатрепартиските состојби во ДУИ одат во повеќе насоки. Според едни Лика и на одбележувањето на годишнината од конфликтот јасно дал до знаење дека нема согласност за државниот грб и за уставните измени во услови кога не се актуализираат етничките барања за правата на Албанците, од кои Ахмети се откажа при преговорите за составување на Владата по парламентарните избори во 2014 година. Според други толкувања, Лика веќе почнува себеси да се промовира како неформален лидер кој може да му биде конкурент на Ахмети на партиското кормило.

Од друга страна, пак, дел од партиското раководство тврди дека недоразбирањата меѓу Ахмети и Лика не се толку големи, како што се создаде впечаток во јавноста. Според нивните толкувања и двајцата се обидуваат да се помират за да не се внесува раздор меѓу партиското членство. Сепак, потврдуваат дека двете прашања – за грбот и за уставните измени остануваат отворени, односно Ахмети барем засега не планира да ги актуализира.