РАСКОЛ ВО РЕДОВИТЕ НА ДПМНЕ, ФЕЈСБУК ВОЈНА НА МИЛОШОСКИ И БОГОЈЕСКИ!

0
4142

Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ предизвика Фејсбук преписка на Петар Богојески – еден од барателите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

  • „Интересна појава имаш во приказнава! Јас целосно те разбирам, уценет, обезвреднет, искористен да правиш тоа што и самиот знаеш дека е погрешно. Си напишал дека си член на ВМРО-ДПМНЕ од 16 години.. браво.. и јас сум од мои 15.. но заборави да кажеш детали за себе, кои многу непријатно ќе ти биде да ти ги отвориме! ВМРО ДО СМРТ, апсолутно така, но јас сакам ВМРО да биде сјајна ѕвезда на небото, а не инструмент за поткусурвање!“, напиша Петар Богојески – еден од иницијаторите на реформи во ВМРО-ДПМНЕ. како одговор на критиката на Антонио Милошоски.
    Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник , претходно на својот ФБ профил обвини дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои побараа промени и демократизација во партијата, се интересџии.
  • „Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство. Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!“, напиша Милошоски на Фејсбук.
СПОДЕЛИ