РАСИПАНИ ГОМНА И СМРДЕЖИ ДО КРАЈ : ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ НЕ ДОЗВОЛУВА СЛИКАЊЕ КАКО МУ ЈА ПРЕДАВА ФУНКЦИЈАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ!

0
1010

Досегашниот технички премиер Емил Димитриев не сака на чинот на примопредавањето на функцијата  што треба да се случи денеска околу пладне да има новинари и сниматели.

На свечениот настан што би требало да се организира во премиерскиот кабинет во белиот дворец на зградата што Груевски ја преслече во барок на Илинденска број 2, новинарите засега не се поканети. САКАМДАКАЖАМ.МК, дознава дека Димириев така го замолил новиот премиер Зоран Заев.

Синоќа, непосредно пред гласањето на новата влада, го прашавме Димитриев зошто не сака да се слика на денешното примопредавање на функцијата со новиот премиер .

„Уште не сме ги договориле деталите. Има време. Тоа ќе биде дури по 12.30 часот“, ни изјави кусо Димитриев.

Вчера и Заев во неформален брифинг со новинарите, на прашање дали ќе бидат поканети новинари и сниматели за време на примопредавањето на функцијата, како што било вообичаено досега, креваше раменици и рече: „Јас ќе ве поканам да дојдете, бидејќи сакам да дојдете. Но, тоа не зависи само од мојата желба. Треба да покажам толеранција на тој важен чин, ако има поинакво барање“.

Заев рече дека сепак треба да се почитува волјата на довчерашниот технички премиер Димитриев: „Во секој случај ќе ве поканам да снимате, макар како влегувам во Владата“, рече тој.

Ноќеска на полноќ, со 62 гласа „За, 5 „Воздржани“ и 44 „Против“ во Собранието беше изгласана новата влада, предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, пет и пол месеци по предвремените парламентарни избори на 11 декември.