Радмила Шекеринска била во еден од автомобилите кои се судрија пред Гевгелија, не е повредена

0
892

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска била во еден од автомобилите кои учествуваа во сообраќајна несреќа утрово околу 8 часот на автопатот кон Гевгелија, објави Press24 повикувајќи се на полициски извори.

Според информациите, џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска, 68 годишниот А.Ш., а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка имал судир со автомобил Шевролет Авео со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.

За настанот информираше и СДСМ.

„Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба“, стои во соопштението од СДСМ.

Потврда на информацијата пристигна и од МВР.