ПЦЕР: Кој ги користи 5.000 државни станови? Зошто во нив не се сместуваат семејствата кои најмногу настрадаа од невремето?

0
59

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР прашува, зошто државата молчи и не превзема ништо за настанатата состојба во овој момент кога ромски семејства се под ведро небо, кога на многу семејства од Стајковци, Ченто и други населени места им е потребен топол дом и покрив над глава.

ПЦЕР бара од Влафата да излезе со информација кој и по која основ ги користи 5.000-те станови сопственост на државата Република Македонија.

„Овие станови се сопственост на сите граѓани на Македонија, тие станови се твои, мои, на гладните Роми и на настраданите во последните поплави. Веруваме дека чесните и хуманите граѓани на РМ се согласуваат во дел од овие станови да се сместат семејства кои најмногу настрадаа и на кои им се неопходно потребни.

Предлагаме веднаш да се донесе одлука за сместување на луѓето, затоа што росмкото востание нема да остане само на фарбање на Владата“, велат од ПЦЕР.