ПЦЕР: Државата е повеќе задолжена од тоа што го изнесува НБМ

0
202

„Партијата за целосна еманципација реагира на вчреашната објава на НБМ дека надворешниот долг е 6,3 милијарди евра. Ја прашуваме НБМ и Министерството за финансии, ако надворешниот долг е толку, колку изнесува ЈАВНИОТ ДОЛГ НА ДРЖАВАТА.

Затоа реагираме како Партија на изјавата на Народна Банка на Македонија. Јавниот долг е – Државен долг+долгот на јавните претпријатија во сопственост на Македонија и на Општините+долгот на трговските друштва кои се во доминантна сопственост на државата и општините+долгот на НБМ. Задолжувањето меѓу земјите не се мери со државниот долг, туку според ЈАВНИОТ ДОЛГ.

За нас со ваквите нејасни и збунувачки индикатори на податоци на НБМ се нанесува штета на државата во финансиските кругови. Ваквите изнесени индикатори кои не се точни зборуваат само едно – дека сме држава „Трчи лажи“ како што нашиот народ ги нарекува луѓето кои изнесуваат невистини.

Никого не треба да убедуваме дека експертите во Брисел и од целиот свет добро знаат за што станува збор и од кој аспект треба да внимаваме за податоците што се изнесуваат од сверата на задолженоста на земјата.

На крајот сакаме да кажеме како е дефиниран државниот долг во чл. 2. точка 1 Закон за јавен долг долгот на РМ+долгот на општините.затоа сметаме дека државата е повеќе задолжена од ова што го изнесува НБМ и дека државата ни е презадолжена. Вистината е како шило“, се вели во соопштението на ПЦЕР.