ПЦЕР до власта: Со Орелот и Крстот сакате да го скриете криминалот

0
259

Нов филм на Власта, повторно националистички реторики на двете партии. Сега бараат во него да се вклопи и полицијата и го повикуваат министерот Спасоски да им го реши проблемот,и повторно да направат војна на раздор и меѓуетнички конфликт, реагира Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на последните случувања во Бутел.

„Овој пат нема да ви успее. Министерот е доволно паметени и нема да подлегне на вашите барања за ангажирање на полицијата во вашиот филм за предизвикување конфликт. И народот е доволно паметен и нема да подлегне на вашите провокации за етничка нетрпеливост, се служите со застарени финти, не пали тоа господа од власта. Зошто сега го одбравте Орелот и Крстот, за да го сокриете криминалот“, стои во реакцијата.

Од ПЦЕР ги повикуваат жителите на Бутел од која и да се нациооналност и веросиповед да се воздржат и да не подлегнуваат на провокациите.