ПЦЕР: Дали институциите чекаат Талевски да го одбере станот во кој ќе биде во домашен притвор?

0
500

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) прашува дали  институциите чекаат градоначалникот на Битола , Владимир Талески да одлучи каде ќе го издржува притворот, па потоа да кажат дека решението од Кривичниот суд стигнало до СВР Битола.

-Да беше некој друг човек , а да не беше градоначалникот на Битола Талески, решението за притвор ќе стигнеше во истиот ден. Но можеби сега, инстиуциите односно судот  кои работат по налог на власта, чекаат можеби  Талески да одлучи во кој од становите ќе биде во домашен притвор или можеби ќе сака тоа да биде викендичката. Веројатно вечер ќе падне одлука затоа што утре конечно ќе стигне Решението за домашен притвор – велат од ПЦЕР.

Од партијата посочуваат дека ова е прв притвор во домашна атмосфера за човек од власт.

– Веруваме дека судот и судиите ќе имаат храброст и за наредните кои ќе бидат обвинети да постапат според кривичните закони на Македонија и да донесат содветни решенија како што ги бара Специјалното јавно обвинителство – велат од ПЦЕР.