ПРОТИВ КОГО ВОДИ ВОЈНА СУЕТНАТА АЛЦХАЈМЕР БУДАЛА, ЌЕ СПОМЕНЕ ЛИ КОНЕЧНО ИМИЊА, ШТО БАРА ОН ОД ЗАЕВ ДА БИДЕ НОВИОТ МАРТИН ПРОТУЃЕР?!

0
700

Кои се тие луѓе кои толку му сметаат на Геро, кои се неписмени, прости, глупи?!

Во ПР тимот на Заев се следниве луѓе:

1. Роберт Поповски, министер за отчет и транспарентност

Човекот е искусен новинар, поранешен лидер на ЗНМ, од МТВ школата, над 30 години искуство во новинарството

2. Драги Рашковски, генерален секретар на владата

Човекот е со две магистратури, доаѓа од правен факултет каде бил професор, едната магистратура му е на тема употреба на ИТ во реформа на државна администрација, се очекува многу од него.

3. Мирјана Јанева, Шеф на кабинетот на премиерот

Таа е негов шеф на кабинет од 2004-та кога станува градоначалник во Струмица, значи жената го знае Заев како дише кога спие… Над 14 години е со него, одличен победнички тандем.

4. Марјан Забрчанец, советник на премиерот

Над десет години го води МОФ, младински образовен форум, една од најмасовните и најмоќните НВО организации во земјава со огромни буџети од по 1 милион долари, над стотици активисти низ целата земја, вистински лидер на НВО секторот

5. Бојан Маричиќ, советник на премиерот

Доаѓа од Евротинк поранешен Центар за Европско Образование, една од најсилните НВО во земјава, човекот има над 10 години искуство во НВО секторот поврзано со ЕУ, политичка анализа, извештаи итн …

6. Дане Талески, советник на премиерот

Професор на факултет, дел од раководството на институт Прогрес, близок со германската фондација Фридрих Еберт која историски ги помага левите партии во Европа.

7. Миле Бошњаковски, портпарол

Човекот работел во Македонски Телеком, оддел за ПР, над 15 години во оваа овласт.

8. Зоран Бојароски, советник на премиерот

Човекот е вистинска новинарска легенда, работел во МТВ потоа во Форум, над 30 години искуство во новинарството, сите сметаа дека ќе биде новиот директор на МТВ, можно е тоа и да се случи.

9. Дарко Лешоски, дел од ПР тимот на владата

Изгледа целата нервоза е посветена кон Дарко, но тој и не е клучен и толку важен дел од ПР тимот, буквално човекот е тамо за да дава микрофони на пресови и да помага што може да помогне, одлуките ги носат Роберт, Драги, Мирјана, Зоран, Марјан, Миле и Бојан. На нив им помага Ацо Поповски кој е шеф за ПР во СДСМ на Бихачка.

Овие ли се тие простаци неписмени против кои Геро војува цела една година?! Што толку им замерува на овие луѓе?! Тој отворено води војна со Роберт, и во колумни кажал дека такво министерство како неговото нема во Европа и светот, тој ли е тој простак непосмен против кого Геро бие битка?!

Ако пак целата битка е со мене, Саше Политико, зошто ја меша владата?!

Каква врска имам јас Саше Политико со владата? Со Заев се немаме видено и слушнато од пржинските преговори, значи едно 2 години, освен на брифингот во клуб на пратеници пред една недела, каде само се поздравивме, владата нити го плаќа Мактел, нити го помага, имаме реклами, имавме претплата, што бара Геро од Заев, да им нареди на Алфите да не утепаат?!

Да не затворат, да ни забранат да го фалиме, да не укинат како медиум?! Тоа ли бара Геро од Заев?!

Значи Геро бара Заев да биде новиот Мартин Протуѓер, новиот медиски сатрап?!

Има ли памет Геро што бара од владата?! Сосема е во ред ако он решил да води војна против владата, тоа е право на секого, но зошто таа војна решил да ја води толку курвински? Зошто се прави дека го брани Заев од својот најблизок тим?! Зошто го меша во таа битка Саше Политико? Или ја уценува владата за некакво ставање на Саше Политико на црна листа, да му биде забранет пристап во владата на прес конференции, да има бојкот кон Мактел по основ на информации, брифинзи итн…

Значи Сител, Канал 5, Курир итн да имаат пристап, Мактел да нема?! Па каде е тука логиката?!?! Нели владата треба да комуницира со сите, да биде отворена, па потоа секој нека си води уредувачка политика каква што му одговара?!?!

Геро е махер за разни теории на разговор и византиски игри, целата битка е борба за моќ и влијание, он е разочаран што тој и негови пиони не фигурираат во ПР тимот на владата и затоа води војна со нив и се пресметува со новинари кои ги смета за некаква закана. Притоа ги злоупотребува медиумите кои ги води, а сега се три на број, Слободен Печат, Плусинфо и Судство.мк

Што се однесува за тоа дека сам ги изградил своите медиуми од нула, тоа е смешно, сите негови проекти се грантови од Сорос и голема подршка од СДСМ, он само со лигавење се изборил за сето тоа, а за лигавење му симнуваме капа, одлично знае да игра и да се упикува, затоа е 30 години уредник секаде, иако има далкеу подобри новинари од него.

Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.Мк

brilijant