ПРОТЕСТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА НОРМАЛНОСТА

0
191

Комитетот за заштита на правата ги повикува сите граѓани да се придружат на протестот против суспендирањето на уставниот поредок. Комитетот протестира против верификацијата на криминалот односно преку неказнето фалсификување на народната волја да се доаѓа на власт. Доколку дел од партизираните уставни судии го прекршат изворното право граѓаните да ја бираат власта на избори, тогаш веќе не постојат никакви правила во Република Македонија. Тогаш се е дозволено!

Комитетот ја повикува врхушката на режимот и нејзините криминални сателити да не организира сталинистички контрапротести. Но, ако реши тоа да го направи, тогаш да не седи дома и по штабови, туку да биде во првите редови. Комитетот ги доживува контрапротестите како закана врз правото на протест и ќе ги преземе сите можни мерки за остранување на оваа непосредна опасност.
Истовремено, Комитетот ќе ги распореди своите приврзаници на протести пред живеалиштата на тие што ќе органираат контрапротести!
Приврзаниците на Комитетот се борат за слобода и правда. Слободата нема цена и дел од приврзаниците се спремни и своите животи да ги дадат. Комитетот ги повикува добронамерните членови на владеачката партија да се спротистават на манипулациите на врхушката за вовлекување во сценарија за заштита на криминалните интереси.

Комитет за заштита на правата
Координатор, Ване Цветанов