Пронајдено телото на исчезнатата професорка Сњежана Тројачанец

0
2507

Педесет и две годишната професорка Сњежана Тројачанец е пронајдена почината денеска околу 13 часот во близина на устието на Серава во Вардар во Карпош 4, извести полицијата. Нејзиното тело го забележал минувач.

Информацијата претходно беше споделена на социјалните мрежи од семејството, кое од вчера утрото ја бараше со апели до граѓаните.

Во потрагата се вклучи и полицијата, а повеќемина во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи известуваат дека ја забележале на различни места низ Скопје.