ПРОДОЛЖУВА МЕТЛАТА НА ЗАЕВ И ТОА ОД ВРВОТ НА СДСМ : Дескоска, Тевдовски, Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ

0
1845

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

На централниот одбор, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на скопски Водовод. Досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески ќе биде на функцијата секретар за меѓународна политика.

Нови членови на ЦО се професорката од Филозофскиот факултет, Тања Стојановска Иванова и Салија Љатиф Петрушовска, директор на геријатриската болница во Скопје.