Причини зошто да јадете горчлива храна

0
177

Децата најчесто се жалат дека „се што е здраво не е вкусно“. Но доколку почнете да ја употребувате, ќе видите дека горчливата храна не е само здрава, туку и многу вкусна. Треба само да екпериментирате со вкусови и да се навикнете.

Ги балансира сетилата за вкус

Сите имаме различен чувство за вкус. Која храна ви се допаѓа, а која не, зависи од вашата генетика, но и од тоа како сте го истренирале вашето чувство за вкус. Секогаш кога ќе јадете природна здрава храна (вклучувајќи го и горчливиот зеленчук) се зголемува вашиот апетит за ваквиот тип на храна.

Помага при апсорбирање на хранливите материи

Горчливата храна и билките помогаат во стимулирање на дигестивните сокови и дава поддршка во варењето на храната, сметаат нутриционистите. Горчливата храна помага во стимулирање на рецепторите за вкус на јазикот. Колку подобро вашата храна се вари, толку повеќе хранливи материи ќе апсорбира вашето тело. Се препорачува, доколку се јават дигестивни проблеми, да се обидете внесете горчлива природна храна, како на пример зелена салата пред голем оброк.

189_140713135008453_535x307

Детоксификација

Горчливите растенија како кељ, марула, аргула содржат фитонутритиенти кои ја подобруваат работата на црниот дроб, управуваат со холестеролот, ја детоксифицираат крвта и ги регулираат мастите во телото.

Полни се со витамини и минерали

Во принцип, горчливиот зеленчук е полн со хранливи материи, вклучувајќи ги витамините А, Ц и К и минерали како калциум, калиум и магнезиум. Тие се богати со фолна киселина и растителни влакна, како и со натриум.

Превземено од LadyBook

СПОДЕЛИ