Пристигна руското оружје, се засилуваат нападите врз ИД

0
86

alepo

Сириските сили ги интезивираа воздушните напади на древниот град Палмира, кој го држат џихадистите, убивајќи повеќе од стотина луѓе изминатите денови.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека меѓу загинатите има и цивили и нагласи дека нападите се интензивираат, веднаш по доставувањето ново оружје, вклучувајќи и воени авиони од Русија.

Од петокот загинаа најмалку 33 цивили и 70 џихадисти, во вторникот во напади со авиони и со хеликоптери загинаа најмалку 12 цивили и 20 џихадисти, а десетици се ранети.

Според наводите на опсерваторијата, во Палмира недостигаат медицински работници и опрема, а ранети лица умираат поради неможноста да добијат лекарска помош.

Во четиригодишниот конфликт во Сирија загинаа повеќе од 240.000 луѓе.