ПРИНЦОТ ЕНДРУ СЕ ПЛЕСКАЛ СО ХРВАТИЦА, КАЈ И ДА Е НА КРАЈОТ ОВИЕ ДВАЈЦА ЌЕ СЕ ЗЕМАТ И ЌЕ ИМААТ ДЕЦА

0
958

Откако во интервју за Би-би-си се обидел да се извлече од обвиненијата за секс со малолетнички и пријателство со осудениот педофил Џефри Епстајн, британскиот принц Ендру сепак се повлекол од сите кралски дoлжности, а очите на јавноста денес се насочени кон британското кралско семејство.

Проблематичниот принц веќе со години е тема во светските таблоиди, а пред неколку години во фокусот на јавноста се најде поради врската со Хрватката. Во 2014-та година американскиот таблоид “Us Weekly“ пишувал дека принцот Ендру е во врска со хрватската манекенка Моника Јакшиќ, инаку поранешна девојка на Џорџ Клуни.

Манекенката, која во тоа време била во Велика Британија, била позната под прекарот “Хрватска сензација“, а принцот наводно го запознала преку пријател. Парот е забележан на интимна вечера во Лондон кога принцот го прославувал својот 54 роденден, а потоа британските таблоиди го снимиле и нивниот бакнеж во образ пред ресторанот.

Потоа Моника уште повеќе ги “зачинила“ работите кога на Твитер ја објавила сметката од тој ресторан на кој се наоѓал и прстен.

„Вака стојат работите“ – нпишала таа покрај фотографијата.

Веридбата тогаш ја демантирале од дворецот и истакнале дека принцот Ендру и Моника се само долгогодишни пријатели.

Моника со Џорџ Клуни била во врска од 2004-та до 2013-та година, а таблоидите ја обвинувале и дека била пречка во врската на Енрике Иглесиас и тенисерката Ана Курникова во 2003-та година.