ПРИЛЕП И ОПШТИНА ПРИЛЕП СЕ ПОТДГОТВЕНИ ЗА ГОЛЕМИОТ КАРНЕВАЛ ,,ПРОЧКА 2019-ТА”

0
211

Од петок до недела (08-10 март) Прилеп ќе биде домаќин на 18 по ред, традиционален карневал „Прочка“, на којшто ќе учествуваат бројни поединечни и групни маски од земјава и странство.

„Сè е подготвено за спектакуларен почеток на карневалот, кој што одбележува полнолетство, но се одржува прв пат од формирањето на ФЕКК Македонија. Како општина и како град сме целосно подготвени да ги пречекаме годинешните гости на карневалот.Ги поканувам сите граѓани од нашата општина, сите граѓани од државата кои што се љубители на карневали и забави под маски, да дојдат и да уживаат во оваа забава“, порача градоначалникот Илија Јованоски.