ПРИЛЕПСКИТЕ ВМРОВЦИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЈА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ПРИЛЕП ЗА ПАРТИСКИ СОБИР

0
470

ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп самоволно, спротивно на Одлуките на Управниот Одбор на ЈОУ Градска библиотека -Прилеп, ставот на вработените, и пред читателите, во овој момент одржува партиска трибина

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп вечерва одржува партиска предизборна трибина во големата сала од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, спротивно на Одлуката на Управен одбор и ставот на сите вработените, во установата да не се одржуваат политички настани со партиски префикс, и агитирање.

Под изговор и со допис дека бараат закупнина на салата за предавање на историска тема од историчари, ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Прилеп, на чело со својот координарот Петар Ристески и партиски секретар, првин самоволно го разместија инвентарот во салата, лица од надвор почнаа да ракуваат со опремата на библиотеката, со озвучувањето, ја пуштија партиската химна, а потоа започнаа со својата партиска агенда, предизборна трибина …

Вчудовидени од оваа постапка, и покрај акцентирањето од в.д. директорот Моника Талеска, дека ваквото однесување и злоупотреба на салата за партиски цели е недозволиво, оваа партија продолжува со својата агенда,во присуство на читателите и вработените во средиштето на установата каде се негуваат културата, традицијата, литературата и демократски вредности без партиски префикс.

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп,ја известува јавноста дека за оваа постапка без преседан, на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, а поаѓајќи од фактот што се загрозени актите на оваа установа и интегритетот на установата и читателите, ќе преземе соодветни мерки!

ЈОУ Градска библиотека

„Борка Талески“

-Прилеп-