ПРИЗМА СО ПОТРЕТ НА ЗАЕВ: Tој како дете што ќе падне и ќе си ги истресе панталоните стануваше и продолжуваше понатаму со количества нереален оптимизам кои може да се најдат само во книгите за самопомош на Коста Петров

0
237

Kако на маса со чоја целата поддршка ја вложи во договорите со Бугарија и со Грција | Фото: Flickr Влада на РСМ

Зоран Заев од денеска веќе не е премиер, се симна од функцијата низ истите пржински скалила по кои и се качи. Отстапи убедувајќи нè со бројки, проценти и со нови работни места дека Македонија блеска по неговиот скусен мандат, и покрај грешките, „хибридните“ пренкови, гафовите и неисполнетите крупни ветувања.

Тој сака да се врати уште пред неговиот наследник Оливер Спасовски да ги пресели семејните фотографии од полицискиот кабинет во оној на Илинденска. Опозицијата, пак, има други планови и веќе му избира слика за темните страници од историските читанки.

Во трите години по изборите ги излечи раните од 27 април, го прати Никола Груевски во политичка пензија, откако ја збриша ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, како на маса со чоја целата поддршка ја вложи во Законот за јазиците и во договорите со Бугарија и со Грција, и на крајот цехот го плати во првиот круг од претседателските избори.

И со речиси изедначен рејтинг со опозицијата влегува во последните три месеци пред изборите на 12 април.

Целата сторија на ПРИЗМА