Претставничката на ОБСЕ, Мијатовиќ, го осуди нападот врз Саше Политико

0
125

Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје.

Dunja-mijatovic1-540x360

„Ова е само последниот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. На овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се промени, и ги повикувам властите веднаш и целосно го испитаат бруталниот напад на Ивановски“, изјави Мијатовиќ.

Во последните неколку недели, претставничката ја изрази својата загриженост со властите во Скопје дека насилните напади врз новинарите водат кон атмосфера на неказнивост.