ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУКАЕТОВ Е ЗАДОВОЛЕН: Чест е да се биде со момците во Франција

0
40

Првиот човек на РФМ со пофалби на адреса на ракометарите кои денеска обезбедија одличен резултат против Исланд

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Муакетов е презадоволен од момците и од бодот кој е рамен на голема победа.

– Ни причинува огромно задоволство можноста да се биде овде како поддршка за оваа репрезентација. Основната цел е исполнета да се пласираме во осмина-финалето, но и втората да ја избегнеме Франција. Ако успееме и понатаму да го покажуваме овој карактер мислам дека сè е можно и против Норвешка. Оваа селекција ќе биде фаворит, но ние мора да дадеме максимум и да одиграме како што знаеме, а тоа ќе биде нов голем ден за македонскиот ракомет – изјави Мукаетов.

Извор : Телеграф

СПОДЕЛИ