ПРЕМИЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗАЕВ ВЕЌЕ ВАЖИ ЗА БАЛКАНСКА ПОЛИТИЧКА ИКОНА : СРПСКА ,,ЕКОНОМИЈА” ПО ИНТЕРВЈУТО ГО ПОСТАВИ ЗАЕВ НА НАСЛОВНА СТРАНА!!!

0
2391

Владата на Република Македонија секогаш ќе ги следи интересите на државата и ќе гради односи врз основа на принципите на добрососедство и на унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во внатрешните односи на соседните земји. Пристап кон зајакнување и подобрување на меѓусебните односи ќе остане на ист курс и во иднина, порачува претседателот на Владата на РМ Зоран Заев во интервјуто за магазинот Српска економија, што го пренесуваат повеќе српски медиуми.

Обновувањето на добрососедските односи, според него е дополнителен ветер во грб и нагласува дека потребно е да се остави зад нас, како што наглсува, старата балканска политика и поделбите, бидејќи сите губат од неа.

– Во современиот свет успеват само оние кои се сложни и кои соработуваат во остварувањето на заедничките цели за подобар живот, преку меѓусебното помагање за заедничка подобра иднина, истакнува Заев во интервјуто.

Според него односите на Македонија со соседите биле континуирано нарушувани, додека пак напорите за влез во ЕУ и НАТО биле само декларативни, бидејќи постоело ширење на анти-НАТО и анти-ЕУ пропаганда.

Говорејќи за односите со Грција, Заев верува дека ова ќе биде еден од најголемите предизвици во оваа фаза, како и дека лично верува дека ова ќе биде тест за Македонија колку пораснала и созреала низ годините на изолација и дали научила да ги цени вредностите кои носат просперитет и подобра иднина.

Македонската влада, според Заев, е фокусирана на затворање на спорот со Грција, откако по потпишувањето на договорот ги затвори отворените прашања со Бугарија.

-Во овој момент, невозможно да се прецизира кога ќе бидат видливи резултатите кои ќе доведат до решавање на прашањето, но важно е да се разговара и да се создаде поволно јавно мислење, како во Грција така и во Македонија. Она што е важно за мене и што ми дава надеж е фактот дека ние повторно воспоставивме комуникација, посочува Заев.

Тој во интервјуто за Српска економија најавува дека Владата на Република Македонија ќе продолжи со својата политика кон соседите без предрасуди и со подготвеност за дијалог, со цел Македонија да добие повеќе пријатели меѓу земјите-членки на НАТО и на ЕУ.

СПОДЕЛИ